Германската енергетска компанија „Siemens Energy“ започна подготовки за ребрендирање во „Omterra“, со што ќе добие независен корпоративен идентитет по издвојувањето од „Siemens AG“ во 2020 година.
Компанијата соопшти дека сегашните брендови „Siemens Energy“ и „Siemens Gamesa Renewable Energy“ постепено ќе бидат обединети под новото име „Omterra“.
Одлуката произлегува од временски ограничениот договор за користење на брендот „Siemens“, кој беше склучен по издвојувањето на компанијата од матичната групација.
Процесот на ребрендирање треба да започне подоцна оваа година и ќе се спроведува постепено.
Од компанијата нагласуваат дека промената на името нема да влијае врз клиентите, деловните партнери или вработените, ниту ќе ја промени стратешката насока на работењето.
Извор: Ројтерс
