РКЕ: Нови цени на горивата од полноќ – дизелот поскапува за 5,5 денари, бензините за 1,5 денари

Скопје, 13 јули 2026 – Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе нова одлука за утврдување на највисоките малопродажни цени на нафтените деривати, која ќе почне да се применува од 00:01 часот на 14 јули 2026 година.

Според одлуката, максималните малопродажни цени ќе изнесуваат:

  • ЕУРОСУПЕР БС-9587,00 денари/литар
  • ЕУРОСУПЕР БС-9889,00 денари/литар
  • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)88,00 денари/литар
  • Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1)86,00 денари/литар
  • Мазут М-1 НС42,168 денари/килограм

Во споредба со цените што важеа до сега, дизелот поскапува за 5,50 денари по литар, бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 денари по литар, екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 4,50 денари по литар, а мазутот за 0,938 денари по килограм.

РЕКЛАМА

РКЕ потсетува дека утврдените цени се максимални малопродажни цени, а трговците на големо и мало можат да ги формираат цените и на пониско ниво во зависност од пазарните услови.

Одлуката е донесена на седницата одржана на 13 јули 2026 година, а ќе се применува од 00:01 часот на 14 јули 2026 година.

Извор: РКЕ

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил