Италија ќе потроши речиси 60 милијарди евра за увоз на енергенси во 2026 година

Италија годинава би можела да потроши речиси 60 милијарди евра за увоз на енергија, што претставува значително зголемување во однос на минатата година, предупреди националното здружение на производители на горива УНЕМ.

Според проценките на здружението, трошоците за увоз на енергенси во 2026 година ќе достигнат меѓу 57 и 58 милијарди евра, односно за околу 8 до 9 милијарди евра повеќе во споредба со 2025 година. Проекциите се базираат на очекувањата дека конфликтот со Иран ќе заврши во наредните неколку месеци.

„Минатата година енергетската сметка на Италија изнесуваше 48,7 милијарди евра, што беше повеќе од 7 милијарди евра помалку отколку во 2024 година. Но, годинава очекуваме таа повторно значително да порасне“, изјави претседателот на УНЕМ, Џани Мурано, на годишното собрание на асоцијацијата.

РЕКЛАМА

Особено се очекува раст на трошоците за увоз на нафта. Според УНЕМ, Италија во 2026 година би можела да потроши околу 24 милијарди евра за набавка на сурова нафта, што е за 4,5 милијарди евра повеќе од лани. Проценките се темелат на просечна цена на нафтата „брент“ од околу 90 долари за барел.

Дополнителен притисок врз енергетскиот пазар создава кризата на Блискиот Исток и затворањето на Ормускиот Теснец, низ кој пред американско-израелските напади врз Иран на 28 февруари поминуваше речиси една петтина од светската трговија со нафта.

Извор: Ројтерс

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил