Будимпешта. 24 септември 2025 – Шпанскиот енергетски гигант Iberdrola постигна договор за продажба на своето целокупно работење во Унгарија. Подружницата Iberdrola Renovables Magyarország е продадена на конзорциум предводен од Premier Energy за 171,2 милиони евра.
Компанијата управува со ветерни електрани со вкупен капацитет од 158 мегавати, изградени по влезот на унгарскиот пазар во 2008 година. Од нив, 124 мегавати веќе произведуваат за слободниот пазар, а останатите 34 мегавати ќе преминат на истиот режим во рок од една година. Трансакцијата сè уште чека одобрение од надлежните антимонополски тела.
Iberdrola соопшти дека продажбата е во согласност со нејзината инвестициона стратегија, насочена кон мрежи на клучните пазари во САД и Обединетото Кралство, како и кон регулирани и долгорочни проекти.
Premier Energy, пак, веќе има искуство со преземање на имот на Iberdrola – во 2024 година компанијата ги купи нејзините румунски капацитети од 80 мегавати ветерна енергија за околу 88 милиони евра.
Продажбата во Унгарија следи по слични чекори на Iberdrola, меѓу кои и повлекувањето од Мексико. Истовремено, компанијата склучи договор со Masdar од Обединетите Арапски Емирати за заедничка инвестиција од 5,2 милијарди евра во ветерниот парк East Anglia 3 со моќност од 1,4 гигавати во Британија, објави Power Engineering International.
Извор: Windpowermonthly.com