Скопје. 28 април 2025 – Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати, во просек за 2,40% во споредба со одлуката од 22 април 2025 година. Одлуката стапува на сила од 29 април 2025 година, од 00:01 часот.
Според РКЕ, зголемувањето на цените е резултат на порастот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар, каде што бензините бележат раст од 1,713%, дизелот од 1,399%, екстра лесното масло од 1,293%, а мазутот од 1,959%. Дополнително, курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,3526% во однос на претходната пресметка.
Новите максимални малопродажни цени на нафтените деривати од 29 април 2025 година се следни:
- ЕУРОСУПЕР БС-95: 73,50 денари/литар
- ЕУРОСУПЕР БС-98: 75,50 денари/литар
- ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 66,00 денари/литар
- Екстра лесно масло (ЕЛ-1): 65,50 денари/литар
- Мазут М-1 НС: 37,155 денари/килограм
Во однос на претходните цени, бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемуваат за 2,00 денари по литар. Цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 денари по литар, додека цената на мазутот М-1 НС расте за 0,375 денари по килограм.
РКЕ нагласува дека станува збор за максимални цени, а трговците на големо и мало имаат можност да понудат пониски цени на одделни нафтени деривати и горива за транспорт.
Извор: РКЕ