Започнува 14-от Глобален форум за одржлива енергија (IFESD-14)

Скопје. 28 октомври 2025 – Од денес, па се до 30 октомври 2025 година, во Скопје ќе се одржи 14-тиот Меѓународен форум за енергија за одржлив развој (IFESD-14), под наслов „Од цели кон акција: Напојувајќи ја иднината со одржлива енергија.

На форумот се пријавени над 1000 учесници од повеќе од 70 земји, меѓу кои високи претставници на меѓународни институции, економски лидери, академици и експерти – ќе се соберат во главниот град на Република Северна Македонија за да ја обликуваат иднината на енергетиката и одржливиот развој.

Настанот го организира Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на Република Северна Македонија, во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и петте регионални комисии на Обединетите нации (UNECE, UNESCAP, UNECLAC, UNECA и UNESCWA).

РЕКЛАМА

Форумот ќе започне со церемонијата на официјално отворање која ќе се одржи во Македонска филхармонија, и која ќе биде пренесувана во живо преку Македонската радиотелевизија (МРТВ).

Се очекува, на свеченото отворање да се обратат:

  • Премиерот на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски
  • Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
  • Армен Григорјан, постојан претставник на Обединетите нации во Северна Македонија,
  • Татијана Молчан, извршна секретарка на Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE),
    како и високи претставници на владите, меѓународните организации и енергетскиот бизнис-сектор.

Во текот на тридневниот форум ќе се одржат низа панел-дискусии, технички сесии и тематски разговори на кои ќе се разгледуваат најактуелните прашања поврзани со енергетската безбедност и отпорност, финансирањето на чиста енергија, дигитализацијата на системите, управувањето со критични суровини, праведната транзиција, како и улогата на младите и жените во енергетската трансформација.

Целта на форумот е да се премине од глобални цели кон конкретни акции – со јасни чекори за диверзификација на изворите, забрзување на обновливите инвестиции и развој на регионална соработка за енергетска стабилност.

Во рамките на форумот, ќе биде потпишана „Скопје декларацијата“ – документ кој ќе остане како значаен траен запис за заложбите на земјите учеснички кон одржлива, безбедна и инклузивна енергетска иднина. Со ова, Македонија ја зацврстува својата позиција на енергетската светска мапа како рамноправен и кредибилен партнер во глобалната транзиција.

Извор: Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба