ФОТО / МИА ФОТО / МИА

Започна изградбата на најголемиот ветерен парк во Македонија – инвестиција од 500 милиони долари

Штип. 16 јули 2025 – Со поставување на камен-темелникот кај Штип, официјално започна реализацијата на најголемиот ветерен парк во државата, инвестиција вредна над 500 милиони евра што ќе ја спроведува компанијата „Алказар Енерџи“. Проектот претставува значаен исчекор во насока на зелената транзиција и енергетската независност на земјата.

Ветерниот парк ќе се простира на површина од 326 хектари меѓу општините Штип, Карбинци и Радовиш. Предвидено е да бидат инсталирани 55 ветерни турбини кои ќе обезбедат доволно електрична енергија за над 100.000 домаќинства. Покрај тоа, проектот ќе отвори 630 нови работни места и ќе има значајно влијание врз локалната и националната економија.

На свеченоста присуствуваа високи владини претставници и менаџментот на „Алказар Енерџи“. Ко-основачот и извршен директор на компанијата, Даниел Калдерон, се заблагодари на македонската влада за исклучителната соработка и поддршка, потенцирајќи дека ретко каде досега имале ваков степен на подготвеност и ефикасност.

РЕКЛАМА

„Во текот на 12-годишното работење на компанијата, ова е првпат да стигнеме до градежна фаза во договорениот рок. Вообичаено ние ги туркаме институциите, но тука Владата не туркаше нас – и тоа е реткост во светски рамки“, рече Калдерон. Тој истакна дека проектот ќе донесе чиста енергија, ќе го намали загадувањето и ќе придонесе за економски развој.

Премиерот Христијан Мицкоски го поздрави почетокот на изградбата како остварување на заедничко ветување и модел за идни инвестиции во обновливи извори.

„По нешто повеќе од една година од првичната најава, денеска го гледаме почетокот на реализацијата. Оваа инвестиција од половина милијарда долари е пример како треба да се работи – со дисциплина, визија и јасна структура. Ваквиот пристап е гаранција за успех“, рече Мицкоски, најавувајќи и можни нови заеднички проекти со „Алказар“.

Христијан Мицкоски. ФОТО / МИА

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, го истакна значењето на проектот за македонската економија, посочувајќи дека тој ќе има и директен и индиректен ефект врз домашниот бруто-производ.

„Европската унија постави јасни правила – од 2026 година индустриите мора да користат зелена енергија. Со вакви проекти, нашите компании ќе бидат поконкурентни и ќе можеме да бидеме лидери и во индустриското производство“, нагласи Николоски.

Според министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, проектот е дел од поширока визија за енергетска трансформација на државата.

Ова не е само уште еден проект – ова е порака дека Македонија оди напред со визија и решителност. Инвестициите во ветер, сонце и вода се мостови кон економска стабилност, зелена транзиција и нови работни места. Владата ја постави енергетиката како столб на развојот и нема да застанеме додека не ја претвориме земјата во регионален центар за обновлива енергија“, истакна Божиновска. Покрај ова, таа додаде дека, дд аспект на Министерството, оваа инвестиција носи повеќекратна корист: чиста и стабилна енергија, намалени емисии на јаглерод, пониски сметки за струја и отворање на педесетина нови работни места во фаза на изградба и уште повеќе во функционирањето

Сања Божиновска. ФОТО / МЕРМС

Со реализацијата на ветерниот парк, Македонија прави сериозен чекор кон зајакнување на енергетската безбедност, исполнување на обврските за климатска неутралност и градење на поодржлива економска иднина.

Енергетика 24

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
WordPress Ads