Њујорк. 6 октомври 2025 – Инвеститорите во САД повторно вложуваат во нафтени и гасни компании, охрабрени од пресвртот во енергетската политика на администрацијата на претседателот Доналд Трамп и постепеното опаѓање на популарноста на ESG-трендот (еколошко, општествено и корпоративно управување).
По падот на цените на нафтата во 2020 година, вреднувањата на големите нафтени компании се спуштија на рекордно ниски нивоа, што привлече инвеститори кои бараат евтини акции. Но, инвазијата на Русија врз Украина, енергетската криза и порастот на цените на енергенсите ја сменија ситуацијата: суперевтините акции на нафтените гиганти веќе се минато.
Американските нафтени гиганти ExxonMobil и Chevron никогаш не се откажаа од стратегијата дека светот ќе продолжи да има потреба од нафта и гас, додека вложувањата во сонце и ветер не се покажаа доволно профитабилни. Exxon сега се тргува со 1,8 пати вредноста на своите активи, а акциите на BP од април се зголемени за 30%.
Европските компании, како Shell и BP, ги ревидираа амбициите за намалување на нафтеното производство и значително ги скратија инвестициите во обновливи извори, поради високите трошоци и проблемите со синџирите на снабдување. „Намалувањето на глобалното производство на нафта и гас би било опасно и неодговорно“, предупреди извршниот директор на Shell, Ваел Саван.
И норвешкиот Equinor најави дека ќе задржи високо ниво на производство на нафта и гас најмалку до 2035 година, иако земјата предничеше со електрични возила и обновлива енергија.
И покрај закрепнувањето на цените и интересот на инвеститорите, нафтените компании засега водат претпазлива инвестициона политика. Цените под 70 долари за барел и прогнозите за можок вишок на нафта и течен природен гас ги држат фокусирани на стабилна продукција и сигурни приноси за акционерите.
Извор: Finance.yahoo.com