Вучиќ: Продолжено снабдувањето со гас до 31 март, „Гаспром“ води разговори за продажба на уделот во НИС

Белград. 24 декември 2025 – Србија постигна договор со Русија за продолжување на снабдувањето со природен гас за уште три месеци, до 31 март, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, нагласувајќи дека енергетската стабилност за зимскиот период е обезбедена.

„Имаме договор за продолжување на снабдувањето со гас до 31 март и нема да има проблеми. Граѓаните можат да бидат сигурни“, рече Вучиќ по свеченото доделување договори за работа на најдобрите дипломци од медицинските факултети и училишта во Србија.

Тој истакна дека Србија ќе располага и со доволни количини електрична енергија и гас во текот на зимата, без ризик за прекини во снабдувањето.

РЕКЛАМА

Вучиќ потврди и дека, според информациите со кои располага, руската компанија „Гаспром“ води разговори за продажба на својот удел во Нафтната индустрија на Србија (НИС), меѓу другите и со унгарската нафтена компанија МОЛ. Како што рече, српската страна нема ништо против таков исход, оценувајќи дека Унгарија е пријателска земја.

Претседателот нагласи дека очекува процесот да биде завршен до 15 јануари. Доколку тоа не се случи, државата ќе биде подготвена да преземе чекори за да ги заштити своите интереси, но исклучиво на правичен и законски начин. „Нема да има отимачина или незаконски потези – државата ќе плати реална цена доколку мора да интервенира“, изјави Вучиќ.

Тој се осврна и на иницијативите за донесување закон за преземање на НИС, наведувајќи дека Србија чека Русија да го заврши својот дел од процесот и изрази надеж дека ќе се дојде до решение во зададениот рок.

Вучиќ потсети дека веќе 75 дена во земјата не е увезена сурова нафта, но дека и покрај тоа нема нарушувања на пазарот на горива. Според него, тоа е резултат на доволни резерви и навремена подготовка на државата.

Доколку не се постигне договор со руската страна, претседателот повтори дека Србија ќе ја заврши постапката околу НИС на начин што ќе обезбеди стабилно функционирање на државата и заштита на националните интереси.

Извор: Rts.rs

Сподели:
Add a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба