Фон дер Лејен: „Светот влегува во ера на обновлива енергија“

Њујорк. 22 септември 2025 – Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Самитот за глобални обновливи извори порача дека светот се наоѓа во пресвртна точка на енергетската транзиција, истакнувајќи дека во 2024 година во чиста енергија биле вложени речиси 2 трилиони евра – двојно повеќе отколку во фосилни горива.

„Деведесет проценти од новите проекти за обновлива енергија произведуваат електрична енергија поевтино од фосилните извори. Сонечната енергија денес е 41% поевтина од најевтиното фосилно гориво“, рече таа, додавајќи дека моментумот мора да се претвори во глобално партнерство за чиста и достапна енергија.

Фон дер Лејен потсети дека Европската унија по војната во Украина драстично ја намали зависноста од рускиот гас и нафта, забрзувајќи ги инвестициите во обновливи извори. Денес речиси половина од електричната енергија во ЕУ доаѓа од обновливи извори, а само оваа година инвестициите во секторот пораснале за 63%.

РЕКЛАМА

Таа најави и засилени партнерства со други континенти, нагласувајќи го проектот за енергетскиот интерконектор помеѓу Италија и Тунис, како и „зелениот коридор“ за индустрија и водород во Северна Африка. Преку иницијативата „Глобална порта“ до 2027 година ЕУ ќе мобилизира 300 милијарди евра за долгорочни проекти.

„Енергетската транзиција не значи изолација, туку нови врски меѓу континентите. Тоа се инвестиции што создаваат работни места, обезбедуваат енергетска сигурност и го поттикнуваат развојот“, изјави Фон дер Лејен.

Таа потсети дека меѓународната заедница се обврза да го утрои производството на обновлива енергија до 2030 година и да ја удвои енергетската ефикасност. Притоа ги повика индустријата и инвеститорите да вложуваат во земјите во развој, а владите да создадат услови за намалување на ризиците и поттикнување на капитал.

„Само ако придобивките бидат глобални, можеме да зборуваме за нова ера на изобилство од обновлива енергија“, заклучи претседателката на Европската комисија.

Извор: Европска комисија

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба