Во Словенија производството на хидроелекраните намалено за една четвртина

Љубљана. 29 октомври 2025 – Во првите девет месеци од 2025 година, хидроелектраните на главните словенечки реки произвеле 2.962,4 гигават-часови (GWh) електрична енергија, што е за околу 24% помалку во споредба со истиот период минатата година, кога хидролошките услови беа исклучително поволни.

Во септември, хидроелектраните испорачале нешто повеќе од 301 GWh електрична енергија во преносната мрежа за 26% помалку отколку во септември 2024 година, продолжувајќи го трендот на значително пониско производство оваа година.

И покрај падот во однос на минатогодишните резултати, хидроелектраните на реките Сава, Драва и Соча ги надминле првичните деветмесечни планови засновани на долгорочниот просек за 1,5%.

РЕКЛАМА

Најголем пад е забележан кај хидроелектраните на Драва, кои со 1.740 GWh испорачана електрична енергија заостануваат речиси една третина зад ланското производство, а резултатите се и 5% послаби од предвидените. Сосема спротивно, во „Сошке електране“ производството било само 3% пониско од ланското, но дури 30% повисоко од почетните прогнози.

Според податоците на Агенцијата за животна средина на Словенија, летните врнежи биле нерамномерно распределени. Најголеми количества дожд паднале во делови од Јулиските Алпи, Трновскиот Гозд и Јаворник, над 600 милиметри. Во југозападниот дел на земјата врнежите надминале 300 милиметри, додека во останатите региони се движеле меѓу 140 и 300 милиметри, што директно се одразило врз производството на хидроенергија.

Извор: Nas-stik.si

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба