Скопје – 20 јуни 2025 – Во текот на летниот распуст, на 50 основни и средни училишта низ територијата на Македонија ќе се инсталираат фотоволтаични панели, соопштуваат од Владата.
Проектот е поддржан преку неповратен грант во износ од 1.1 милион евра, кој Министерството за образование и наука го обезбеди преку договор со Банката за развој при Советот на Европа.
„Со оваа инвестиција не само што директно ги намалуваме трошоците за електрична енергија, туку и ги отвораме можностите за реинвестирање на заштедените средства во други значајни сектори – како подобрување на инфраструктурата, дигитализација на наставата и набавка на нови учебници“, велат од Министерството.
Владата нагласува дека фокусот останува на зголемување на енергетската ефикасност преку искористување на обновливи извори на енергија, а со тоа и придонес за заштита на животната средина.
„Со секој конкретен чекор и проект, не само што заштедуваме буџетски средства, туку и активно работиме на намалување на загадувањето“, стои во соопштението.
Извор: Vlada.mk