Софија. 18 март 2026 – Производството на електрична енергија од ветер станува сè поважно во Бугарија, особено во период кога земјата се соочува со енергетски предизвици. Во првите два и пол месеци од 2026 година, ветерните електрани обезбедиле 27,56% од вкупното производство од обновливи извори.
Според податоците на Бугарската асоцијација за ветерна енергија, во периодот од 1 јануари до 15 март се произведени 356.824 MWh електрична енергија од ветер, што е раст од 6,74% во однос на истиот период минатата година. И покрај тоа, инсталираниот капацитет на ветерни електрани изнесува 711 MW, односно само 10,6% од вкупните обновливи капацитети.
Ова зголемено производство доаѓа во чувствителен момент: Бугарија од нето извозник на електрична енергија минатата година, сега станува нето увозник. Балансот се префрлил од суфицит од над 516.000 MWh во 2025 година, во дефицит од повеќе од 508.000 MWh во 2026.
Причините за оваа промена се повеќекратни, намалено производство од јаглен поради неконкурентни цени, како и прекини во нуклеарното производство поради ремонти. Во исто време, побарувачката за електрична енергија пораснала за 4,72%, додека вкупното производство е намалено за 5,62%.
Од Бугарската асоцијација за ветерна енергија посочуваат дека овие бројки јасно укажуваат на потребата од поголеми инвестиции во ветерната енергија. Таа се покажува како стабилен извор во периоди на зголемена сезонска побарувачка, овозможува домашно производство независно од ценовните шокови на фосилните горива и ја намалува зависноста од увоз на струја.
Извор: Bgwea.eu
