Трансјадранскиот гасовод ќе го зголеми капацитетот за 12% од 2026 година

Рим. 1 септември 2025 – Трансјадранскиот гасовод (TAП), кој пренесува гас од Азербејџан до Европа, од 2026 година ќе го зголеми транспортниот капацитет за 1,2 милијарди кубни метри годишно, соопшти компанијата.

„Првата фаза од проширувањето е веќе во тек и ќе додаде 1,2 милијарди кубни метри долгорочен капацитет годишно од почетокот на 2026 година“, изјави генералниот директор на TAП, Лука Скиепати. Тој додаде дека, во зависност од побарувачката и енергетските трендови во Европа, можно е и ново проширување.

Гасоводот, дел од европскиот проект „Јужен гасоводен коридор“, има цел до 2027 година да го удвои капацитетот на 20 милијарди кубни метри годишно. Од стартот во 2020 година, преку TAП се испорачани 50 милијарди кубни метри гас – 41,7 милијарди кон Италија, 4,8 милијарди кон Грција и 3,2 милијарди кон Бугарија.

РЕКЛАМА

По енергетската криза предизвикана од руската инвазија врз Украина, TAП веќе работи над првично предвидениот капацитет од 10 милијарди кубни метри, користејќи специјални комерцијални модели. „Гасоводот повеќе од четири и пол години испорачува непрекинати количества и е подготвен да одговори на побарувачката со нови проширувања“, изјави Марија Савова, раководител на комерцијалниот сектор во ТАП.

TAП е долг 877 километри и ги поврзува касписките полиња во Азербејџан со Италија преку Турција, Грција, Албанија и Јадранското Море, а снабдува и Бугарија преку Интерконекторот Грција–Бугарија.

Во сопственичката структура на TAП секоја од компаниите BP (Велика Британија), Socar (Азербејџан), Snam (Италија), Fluxys (Белгија) и Enagas (Шпанија) има по 20%.

Извор: Montelnews.com

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба