Трансјадранскиот гасовод (TAP) за помалку од пет години работа транспортираше 50 милијарди кубни метри природен гас од Азербејџан до Европа, соопшти компанијата-оператор.
„Овој резултат е повеќе од бројка – тоа е доказ за клучната улога на TAP во зајакнувањето на енергетската безбедност и во диверзификацијата на енергетските извори на Европа,“ изјави извршниот директор Лука Скиепати.
Од вкупните количини, најголем дел – 41,7 милијарди кубни метри – завршиле во Италија, додека 4,8 милијарди во Грција и 3,2 милијарди во Бугарија. Гасот се пренесува од полето Шах Дениз во Азербејџан преку Турција, Грција, Албанија и Јадранското Море до јужна Италија.
TAP од 2022 година работи со надноминален капацитет, како одговор на зголемената побарувачка поради европската енергетска криза. Во тек е проширување на капацитетите, со планирани дополнителни 1,2 милијарди кубни метри годишно од 2026 година, а можно е и понатамошно зголемување доколку тоа го бара пазарот.
Гасоводот е дел од Јужниот гасен коридор и е во сопственост на BP, Socar, Snam, Fluxys и Enagas, со еднакви удели од по 20 проценти.
Извор: Upstreamonline.com