Британија оди „сè или ништо“ во борбата против климатските промени

Лондон. 27 април 2025 – На глобалниот енергетски самит во Лондон, одржан пред три дена, британскиот премиер Сер Кир Стармер објави дека Обединетото Кралство ќе го интензивира својот пат кон нето-нула, ставајќи ги обновливите извори на енергија во срцето на својата стратегија за економски раст и национална безбедност. Во говорот пред лидерите од над 60 земји, Стармер нагласи дека климатската криза и енергетската безбедност се приоритети „вградени во ДНК-та на оваа влада“.

„Нема да чекаме – ќе забрзаме“, рече Стармер, истакнувајќи дека нискојаглеродната технологија ќе донесе нови работни места, инвестиции и извозни можности. Тој ја потенцираше потребата од намалување на зависноста од фосилни горива, велејќи: „Поради прекумерната изложеност на нестабилните пазари на фосилни горива, нашата економија и буџетите на домаќинствата беа ранливи на влијанието на лидери како Путин. Тоа мора да престане“.

Енергетската безбедност, според Стармер, е национална безбедност. „Обновливата енергија ќе ја направи Британија поотпорна, заштитувајќи ги нашите мрежи и синџири на снабдување“, додаде тој. На самитот беше одобрен и проект за складирање на јаглерод вреден 2 милијарди фунти, сместен 20 милји од Ливерпул, кој ќе складира 109 милиони тони CO2 од индустриите во регионот.

Advertisement

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ги поддржа заложбите на Стармер, велејќи дека обновливите извори „ја зајакнуваат енергетската независност и поттикнуваат иновации“. Сепак, американскиот претставник Томи Џојс ја нарече целта за нето-нула до 2050 „опасна“, тврдејќи дека ограничувањето на енергијата штети на луѓето, став што наиде на тивка реакција од присутните.

Самитот во Ланкастер Хаус, траеше два дена, а покрај големиот број официјални претставници, на истиот присуствуваа и претставници од околу 50 приватни компании, од доменот на енергетиката.

Извор: The Guardian

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
Advertisement