Сметките за парно остануваат исти – РКЕ не ја менува цената на топлинската енергија

Скопје. 30 јули 2025 – Цената на топлинската енергија останува непроменета, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Актуелните тарифи продолжуваат да важат се додека не се донесе нова одлука.

Од РКЕ информираат дека е направена длабинска анализа на доставените податоци од компаниите кои произведуваат, дистрибуираат и снабдуваат со топлинска енергија во Скопје. Според претседателот на Комисијата, Марко Бислимоски, одлуката е донесена бидејќи сè уште не е завршена потребната проценка на основните средства – топланите.

„Во февруари доставивме барање до Бирото за процена за утврдување на вредноста на основните средства во производството на топлинска енергија, но извештајот сè уште не е пристигнат. Без него не можеме да направиме финална пресметка која целосно ќе ги одразува реалните трошоци“, изјави Бислимоски.

РЕКЛАМА

Тој додаде дека со цел сите потрошувачи на топлинска енергија во Скопје да бидат третирани подеднакво, РКЕ реши да не врши промени во цените, односно сметките за парно ќе останат исти сè до нова одлука.

Инаку, последната промена на цената беше направена на 1 февруари годинава, кога тарифите беа зголемени за 5,03 отсто, како резултат на порастот на цената на природниот гас за 16% на светските берзи во последниот квартал од 2024 година.

Извор: РКЕ

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
WordPress Ads