Љубљана. 3 ноември 2025 – Словенечката влада ќе одвои нови средства за субвенционирање на купувањето електрични возила, поради значително зголемениот интерес и од физички и од правни лица.
Компанијата „Borzen“, операторот на пазарот на електрична енергија во Словенија, задолжена за спроведување на програмата, привремено го затвори јавниот повик за физички лица, откако беа распределени сите планирани 6,2 милиони евра. Во координација со Министерството за животна средина, просторно планирање и енергија, се подготвува нов јавен повик со дополнителни 15,6 милиони евра за субвенции, кои ќе бидат обезбедени преку Планот за опоравување и отпорност. Новиот повик се очекува да започне на 18 ноември.
За правните лица, кон крајот на минатата недела беше објавена корекција на износот на достапните средства, кои сега изнесуваат 12 милиони евра, што е девет милиони евра повеќе од првично предвиденото. Финансиските средства за оваа мерка се обезбедени преку Климатскиот фонд, со реализација во буџетите за 2025 и 2026 година.
Од „Borzen “нагласуваат дека сите други услови од јавниот повик остануваат непроменети.
Извор: Borzen.si
