Словенија меѓу најуспешните земји во ЕУ по инсталација на паметни броила

Љубљана. 24 јули 2025 – Словенија е една од најуспешните земји-членки на Европската унија во процесот на инсталирање на паметни броила за електрична енергија, покажуваат податоците на Европската агенција за соработка на енергетските регулатори (ACER). Според објавената табела со основни енергетски индикатори, Словенија веќе има покриеност од 97% со современи мерни уреди, а целосното завршување на процесот се очекува до крајот на годинава.

Паметните броила претставуваат клучен елемент на напредните мерни системи. Тие не само што овозможуваат прецизно мерење и анализа на податоците за потрошувачка, туку отвараат можности за нови услуги, како што се управување со потрошувачката, далечинска контрола на паметни уреди во домаќинствата и воведување на мерки за флексибилност. Овие функции се значајни за остварување енергетски заштеди и оптимизирано управување со мрежата.

Затоа не изненадува фактот што ACER ја вклучува стапката на инсталирани паметни бројила меѓу клучните национални индикатори за успешноста на енергетската транзиција. Иако достапноста на овие уреди е сè поголема во целата ЕУ, стапките на инсталација варираат значително меѓу земјите.

РЕКЛАМА

На самиот врв на ранг-листата се скандинавските земји. Шведска, Данска и Италија веќе го имаат завршено процесот, со 99% покриеност кај домаќинствата и 100% кај индустриските корисници. Потоа следуваат Финска, Естонија, Летонија, Луксембург, Шпанија и Португалија. Словенија е веднаш зад нив со вкупна покриеност од 97%, пред Франција (94% домаќинства, 95% индустрија) и Малта (93% домаќинства, 87% индустрија).

На другата страна од спектарот се земјите кои сè уште заостануваат во овој процес. Литванија има 51% покриеност кај домаќинствата и 95% кај индустријата, Белгија 46% и 79%, Полска 36% и 65%, Хрватска 34% и 95%, Романија 27% и 45%, а Грција само 12% вкупно. На самото дно е Германија со само 2% инсталирани паметни броила, изненадувачки податок за земја со силен технолошки и енергетски капацитет.

Паметните броила не се само технолошки новитет, тие се темел за поефикасно управување со енергетските системи, што е од клучно значење за реализација на Зелената агенда и обезбедување на одржлива енергетска иднина.

Извор: Nas-stik.si

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
WordPress Ads