Словенија ја поддржува забраната за увоз на руска енергија во Европа

Љубљана. 3 октомври 2025 – Словенија ја поддржува целосната забрана за увоз на руска енергија во Европа, изјави словенечкиот премиер Роберт Голоб во Копенхаген, на маргините на Самитот на Европската политичка заедница, одржан во текот на вчерашниот ден.

„Секако дека ја поддржуваме целосната енергетска независност на Европа од Русија“, нагласи Голоб, потсетувајќи дека Словенија уште пред извесно време престанала да увезува руска енергија.

Тој предупреди дека државите кои и натаму увезуваат руски енергенси не само што ѝ даваат дополнителна мотивација на Русија за продолжување на агресијата врз Украина, туку и го поткопуваат европското единство.

РЕКЛАМА

„Европа се темели не само на заеднички вредности, туку и на заедничко дејствување и единство. Таа е најсилна кога е обединета“, рече премиерот, додавајќи дека секое отстапување од тој принцип претставува „лош знак за Европа“.

Европската унија од почетокот на руската агресија врз Украина значително го намали увозот на руски фосилни горива. Европската комисија годинава предложи целосен прекин на увозот во наредните години, а американскиот претседател Доналд Трамп ги повика европските партнери да престанат да купуваат руска нафта.

Извор: Sta.si

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба