Складирањето енергија – гаранција за енергетска безбедност на Полска

Објавени грантови од 1 милијарда евра и планови на државната енергетска компанија PGE за вкупен капацитет за складирање од 17 GWh

Варшава. 31 март 2025 – Полска ја зајакнува својата енергетска безбедност со нова програма за поддршка на складирање на електрична енергија, поддржана од Националниот фонд за заштита на животната средина и управување со водите, под надзор на Министерството за животна средина на Полска. Програмата, финансирана од Фондот за модернизација на ЕУ, обезбедува вкупно 4,15 милијарди злоти или околу 992 милиони евра за изградба на капацитети за складирање на електрична енергија со минимален капацитет од 2 MW/4 MWh, поврзани со преносните и дистрибутивните мрежи.

Целта на програмата е да се подобри стабилноста на Националната електрична мрежа (KSE) и да се зголеми енергетската безбедност на земјата. Финансирањето, одобрено од ЕУ во октомври 2024 година според Привремената рамка за кризи и транзиција (TCTF), е одговор на енергетската криза предизвикана од руската инвазија на Украина. Средствата се поделени во сооднос 90:10 помеѓу грантови и заеми, при што грантовите можат да покријат до 45% од инвестициските трошоци (10%-20% повеќе за помалите бизниси), додека заемите можат да финансираат до 100% од проектите.

Учесниците ќе треба сами да обезбедат технологија, вклучувајќи системи за складирање на енергија со батерии (BESS), инвертери, трансформатори, системи за заштита и противпожарна безбедност, како и софтвер за управување (BMS, EMS) и собирање податоци согласно стандардите на ЕУ.  

Advertisement

Во меѓувреме, државната енергетска компанија PGE објави дека планира да инвестира 18 милијарди злоти, односно, 4,3 милијарди евра во капацитети за складирање на енергија во следната деценија, со цел да достигне вкупен капацитет од 17 GWh. Дел од инвестициите вклучуваат нови и постоечки капацитети за пумпно-хидроелектрично складирање (PHES), но значителен дел ќе биде насочен кон системи со батерии (BESS). Првиот проект на PGE е BESS со капацитет од 263 MW/900 MWh во Зарновјец, кој ќе користи батерии произведени во фабриката на LG Energy Solution во Вроцлав.

Развојот на проектите за складирање е гаранција за енергетската безбедност на Полска. Амбициозните инвестициски планови на PGE ќе придонесат за намалување на емисиите на полската економија и ќе ја зголемат нејзината конкурентност на европскиот и глобалниот пазар“, изјави Јакуб Јаворовски, министер за државни средства.

Оваа иницијатива е дел од пошироките напори на Полска да ја трансформира својата енергетска инфраструктура, ставајќи акцент на развојот на мрежата и зголемувањето на капацитетите за складирање на енергија на мал и голем обем, кое не беше возможно за време на претходната влада на Полска, пред се, поради нарушените односи со ЕУ.

Извор: EnergyStorageNews

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
Advertisement