Саудиска Арабија гради мостови со Америка: Aramco потпиша 34 договори со САД

Дубаи, 14 мај 2025 – Саудиската нафтена компанија Aramco потпиша 34 прелиминарни договори со водечки американски компании, во обид да ги продлабочи економските врски со САД. Вредноста на потенцијалните договори се проценува на до 90 милијарди долари.

Ваквиот развој на настанитр следи еден ден по најавата на официјален Ријад за инвестиции од 600 милијарди долари во САД. Сепак, најголем дел од потпишаните договори се меморандуми за разбирање без прецизна финансиска вредност, а дел од нив се веќе најавени, како договорот со американската компанија NextDecade за набавка на течен природен гас (LNG) во период од 20 години.

Договорите претставуваат дел од стратегијата на Саудиска Арабија за привлекување странски капитал и технологија, во рамки на економската трансформација што се спроведува преку програмата Визија 2030.

Реклама

„САД се многу атрактивна дестинација за нашите инвестиции“, изјави генералниот директор на Aramco, Амин Насер, на Инвестицискиот форум САД–Саудиска Арабија во Ријад.

Технолошки партнерства и проширување на капацитети

Меѓу потпишаните меморандуми се издвојуваат договорите со Nvidia за развој на индустриска вештачка интелигенција, со Amazon Web Services за дигитална трансформација и намалување на јаглеродните емисии, како и со Qualcomm за развој на индустриски мрежи.

Aramco и ExxonMobil се согласија да ја разгледаат можноста за значајна модернизација на заедничката рафинерија SAMREF, со цел нејзина трансформација во интегриран петрохемиски комплекс.

Покрај тоа, Aramco најави нова инвестиција од 3,4 милијарди долари во рафинеријата Motiva во Тексас, што претставува една од најголемите странски енергетски инвестиции во САД.

Покрај ова, компанијата ги зацврсти партнерствата со повеќе реномирани американски снабдувачи како SLB, Baker Hughes, GE Vernova и Honeywell, додека во финансискиот сектор склучи договори со менаџерски гиганти како PIMCO, State Street и Wellington.

Дополнително, Aramco објави дека ќе инвестира и преку новооснован обединет инвестициски фонд под името „Fund of One“, во партнерство со BlackRock, Goldman Sachs, Morgan Stanley и PIMCO.

Извор: Yahoo Finance

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
Advertisement