САД издвојуваат 100 милиони долари за модернизација на електрани на јаглен

Вашингтон. 3 Ноември 2025 – Министерството за енергетика на САД објави дека ќе издвои 100 милиони долари за обновување и модернизација на постојните термоелектрани на јаглен, во рамки на напорите на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да ја заживее американската индустрија за јаглен.

Овој потег следува по минатомесечната најава на Министерството за енергетика за обезбедување 625 милиони долари за проширување на производството на електрична енергија базирано на јаглен.

Бројот на електрани на јаглен во САД значително се намали во последните години, поради еколошки причини, здравствени ризици и конкуренцијата од евтиниот природен гас.

РЕКЛАМА

Според министерот за енергетика, Крис Рајт, новата програма ќе помогне да се зачуваат сигурните и достапни извори на енергија. „Претходните администрации на Бајден и Обама го напаѓаа американскиот јаглен, што доведе до затворање на електрани и зголемени сметки за струја. Претседателот Трамп ја враќа здравата енергетска политика која ги става Американците на прво место,“ изјави Рајт.

Од друга страна, еколошките организации предупредуваат дека ваквите потези се спротивни на глобалните напори за намалување на емисиите на јаглерод и борбата против климатските промени.

Средствата ќе бидат распределени во три области: напредно управување со отпадни води, премин од јаглен на природен гас и комбинирани системи за согорување на јаглен и гас.

Извор: Ројтерс

Сподели:
Add a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба