Во 2024 година, најголемите светски економии продолжија да доминираат со глобалната потрошувачка на нафта, покажуваат податоци на Energy Institute. Според рангирањето, првите десет земји користат 61% од светската потрошувачка, а топ 20 дури 80%.
На прво место се наоѓаат САД со 19 милиони барели дневно, што претставува 18,7% од глобалната потрошувачка. Нафтата таму најмногу се користи во транспортот (70%), индустријата (24%), а помал дел во домаќинствата и трговијата.
Веднаш зад САД е Кина со 16,4 милиони барели дневно или 16,1% од светскиот удел. Иако потрошувачката по жител е значително пониска од американската, Кина ја надополнува енергетската побарувачка преку голема зависност од јаглен.
Индија е трета со 5,6 милиони барели дневно (5,5%). Таа е земјата со најбрз раст на побарувачката за нафта во последната деценија, со просечно годишно зголемување од 3,8%. Според прогнозите, Индија ќе остане главен двигател на глобалниот раст на потрошувачката на нафта до 2030 година.
Меѓу првите десет се и Саудиска Арабија, Русија, Јапонија, Јужна Кореја, Бразил, Канада и Германија.
И покрај постепеното успорување на растот и зголемувањето на уделот на обновливите извори, нафтата и во 2024 година останува водечки енергетски ресурс на глобално ниво.
Топ 25 земји според потрошувачка на нафта во 2024 година
| Ранг | Држава | Милиони барели дневно | Удел во светската потрошувачка | 
|---|---|---|---|
| 1 | САД | 19.0 | 18.7% | 
| 2 | Кина | 16.4 | 16.1% | 
| 3 | Индија | 5.6 | 5.5% | 
| 4 | Саудиска Арабија | 4.0 | 3.9% | 
| 5 | Русија | 3.8 | 3.8% | 
| 6 | Јапонија | 3.2 | 3.2% | 
| 7 | Јужна Кореја | 2.9 | 2.9% | 
| 8 | Бразил | 2.6 | 2.5% | 
| 9 | Канада | 2.3 | 2.3% | 
| 10 | Германија | 2.1 | 2.0% | 
| 11 | Иран | 2.0 | 1.9% | 
| 12 | Мексико | 1.9 | 1.8% | 
| 13 | Индонезија | 1.6 | 1.6% | 
| 14 | Сингапур | 1.5 | 1.5% | 
| 15 | Франција | 1.4 | 1.3% | 
| 16 | Велика Британија | 1.3 | 1.3% | 
| 17 | Шпанија | 1.3 | 1.3% | 
| 18 | Италија | 1.3 | 1.2% | 
| 19 | Тајланд | 1.3 | 1.2% | 
| 20 | Обединети Арапски Емирати | 1.2 | 1.2% | 
| 21 | Турција | 1.2 | 1.1% | 
| 22 | Австралија | 1.1 | 1.1% | 
| 23 | Малезија | 0.9 | 0.9% | 
| 24 | Ирак | 0.9 | 0.9% | 
| 25 | Tајван | 0.8 | 0.8% | 
Извор: VisualCapitalist.com
				
							