САД ги повикуваат европските сојузници да се приклучат кон воведување секундарни царини за Русија

Вашингтон. 23 јули 2025 — Соединетите Американски Држави очекуваат поддршка од европските сојузници во воведувањето на т.н. секундарни царини за Русија, изјави американскиот министер за финансии Скот Бесент во интервју за CNBC.

„Руската нафта ќе биде подложна на секундарни царини од 100%,“ рече Бесент. „Ги повикувам нашите европски партнери, кои досега само вербално се залагаа за остри мерки, да ни се приклучат доколку ги воведеме овие царини.“

Овие изјави доаѓаат по најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД ќе воведат „тешки“ царини за Русија ако во рок од 50 дена не се постигне договор за крај на војната во Украина.

РЕКЛАМА

„Ние ги нарекуваме секундарни царини“, изјави Трамп на заедничка прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Белата куќа. „Царини од околу 100 проценти.“

Инаку, секундарните царини се казнени мерки наменети за држави или компании кои продолжуваат да тргуваат со санкционирани земји. Во конкретниот случај, тоа би значело дека држави како Кина, доколку продолжат со увоз на руска нафта, би можеле да се соочат со дополнителни давачки при извоз во САД или пристап до американскиот финансиски систем.

Американската стратегија има цел да ги намали приходите на Русија од извозот на нафта, кои сочинуваат приближно една третина од државниот буџет и се клучен извор на финансирање на руската воена кампања во Украина.

На 15 јули, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, реагираше на заканата од Трамп, истакнувајќи дека е „сериозна“, но дека на Москва ѝ е потребно време за внимателна анализа на пораката од Вашингтон.

Извор: CNBC

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
WordPress Ads