Русија со пониски прогнози за цените на нафтата во 2025. Економски предизвици на хоризонтот

Москва. 21 април 2025 – Руското Министерство за економија ја ревидираше својата прогноза за цените на нафтата за 2025 година, прилагодувајќи ја на новите трендови на глобалните пазари. Според ажурираното базично сценарио, цената на суровата нафта од типот „Брент“ се очекува да изнесува во просек 68 долари за барел, што е значително намалување од септемвриската прогноза од 81,7 долари за барел.

За руската извозна нафта „Уралс“, Министерството очекува просечна цена од 56 долари за барел, што е цена, под ограничувањето поставено од Г7, чија цел е да ги намали приходите на Русија од нафта. Ова значи дека руските извозници би можеле да користат западни осигурувања и танкери за транспорт на нафтата, освен ако Г7 не одлучи да го намали ценовниот праг, како што некои членки претходно предложија.

Падот на цените на нафтата годинава, кој достигна 24% под нивото предвидено во рускиот федерален буџет, беше предизвикан од неколку фактори: трговските царини воведени од администрацијата на Трамп, перцепцијата за презаситен пазар, зајакнувањето на рубљата и изгледите за мир во Украина.

Advertisement

Во овој контекст, гувернерката на Централната банка на Русија, Елвира Набиулина, предупреди дека падот на цените на нафтата може негативно да влијае врз руската економија. „Ако ескалацијата на трговските војни продолжи, тоа обично води до намалување на глобалната трговија и економија, а со тоа и на побарувачката за нашите енергетски ресурси, што носи дополнителни ризици“, изјави таа.

Извор: Интерфакс

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
Advertisement