Романија размислува за национализирање на „Лукоил“

Букурешт. 12 ноември 2025 – Романија треба да преземе контрола врз локалната филијала на руската компанија „Лукоил“ за да ја гарантира стабилноста на националниот енергетски систем, спроведувањето на меѓународните санкции и заштитата на работните места. Ова го изјави романскиот министер за енергетика Богдан Иван.

Министерот не наведе конкретни детали за тоа кои средства би можеле да бидат опфатени ниту како државата ќе ја преземе контролата врз нив. Тој истакна дека Романија нема намера да бара продолжување на рокот по 21 ноември, кога треба да стапат во сила американските санкции.

Министерството за енергетика, според Иван, подготвува законски измени што ќе овозможат спроведување на санкциите без прекин на работата на рафинеријата „Петротел“ и без нарушување на снабдувањето со гориво на домашниот пазар. Сепак, не беше прецизирано кои закони ќе се менуваат.

РЕКЛАМА

Експертите предупредуваат дека Романија нема институционален капацитет за управување со голема рафинерија, а во исто време се соочува со најголемиот буџетски дефицит во Европската унија.

Компанијата „Лукоил“ располага со околу 320 бензински пумпи во Романија, ја управува третата по големина рафинерија во земјата и има лиценци за истражување во Црното Море. Рафинеријата „Петротел“ покрива приближно една четвртина од романскиот пазар на горива.

Извор: Ројтерс

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба