РКЕ: Од утре повисоки цени на горивата

Скопје. 20 јануари 2026 – Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати, во просек за 2,46% во однос на одлуката од 12 јануари 2026 година.

Како што соопштува РКЕ, референтните цени на светските пазари во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа: кај бензините за 4,109 проценти, кај дизелот за 5,19%, кај екстра лесното масло за 4,46%, додека кај мазутот растот изнесува 3,84% . Курсот на денарот во однос на американскиот долар е повисок за 0,23%.

Од 21 јануари 2026 година, од 00:01 часот, максималните малопродажни цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

РЕКЛАМА

  • ЕУРОСУПЕР БС-95 – 72,00 денари за литар
  • ЕУРОСУПЕР БС-98 – 74,00 денари за литар
  • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 66,50 денари за литар
  • Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 66,00 денари за литар
  • Мазут М-1 НС – 32,987 денари за килограм

Со одлуката, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и БС-98, како и на екстра лесното масло (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 денари по литар, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) расте за 2,00 денари по литар. Мазутот М-1 НС поскапува за 0,854 денари по килограм.

Од РКЕ потсетуваат дека станува збор за максимални малопродажни цени, при што трговците на големо и на мало имаат можност да ги формираат цените и пониско од утврдените.

Извор: РКЕ

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба