РКЕ од 1 јануари 2026 намалува три клучни тарифи

Скопје. 5 декември 2025 – Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) денес донесе одлука со која од 1 јануари 2026 година се намалуваат три тарифни ставки што директно влијаат врз формирањето на крајната цена на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи.

Според Одлуката:

  • Надоместокот за користење на електродистрибутивниот систем на „Електродистрибуција“ се намалува за 3,64%.
  • Надоместокот за користење на преносниот систем на МЕПСО се намалува за 2,67%.
  • Цената на операторот на пазарот МЕМО се намалува за 3,40%.

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, изјави дека со оваа одлука „се заокружуваат сите елементи што ја сочинуваат крајната цена, набавната цена и количина на електрична енергија, услугите на мрежните оператори и трошоците за загуби“.

РЕКЛАМА

Тој додаде дека сега останува „ЕВН Хоум“ под надзор на РКЕ да ги изврши конечните пресметки по блок-тарифи и да ги објави новите цени. Делот што РКЕ го регулира има влијание од околу 36% врз крајната цена.

Според Бислимоски, намалувањата кај дистрибуцијата, преносот и МЕМО ќе имаат просечно влијание од 1% до 1,2% врз крајната цена на струјата на регулираниот пазар.
Учеството на поединечните елементи во крајната цена е следно:

  • 33% – надоместок за дистрибутивниот систем
  • 4% – надоместок за преносниот систем
  • 0,19% – учество на МЕМО

„ЕВН Хоум“ треба да ги достави новите пресметки до РКЕ во текот на следната недела, по што ќе бидат објавени конечните блок-цени.

Покрај ова, претседателот на РКЕ најави дека се разгледува опцијата за воведување евтина тарифа во текот на денот, во периодите кога цените на пазарот се најниски. Ова би значело дека ноќната евтина тарифа би започнувала наместо во 22 часот, на полноќ.

Одлуката, како што рече Бислимоски, ќе зависи од навиките на потрошувачите и од дополнителни анализи што треба да ги спроведе Комисијата.

Со усвоените промени, сите параметри што влегуваат во пресметката на крајната цена веќе се познати, а јавноста ќе ги добие конечните цени по блокови веднаш по пресметките на универзалниот снабдувач.

Извор: РКЕ

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба