Скопје. 4 мај 2026 – Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 3,47% во однос на одлуката од 27 април 2026 година.
Причина за растот е зголемувањето на референтните цени на светските пазари кај сите деривати: бензините за 5,32%, дизелот за 2,81%, екстра лесното масло за 3,39%, а мазутот за 8,30%. Дополнително, курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,34%.
Во пресметката се земени предвид и намалените акцизи – 4 денари по литар за дизелот и 2 денари по литар за бензините, како и повластениот ДДВ од 10% за бензините.
Од 5 мај 2026 година, од 00:01 часот, максималните малопродажни цени ќе изнесуваат:
- ЕУРОСУПЕР БС-95 – 85,00 денари за литар
- ЕУРОСУПЕР БС-98 – 87,00 денари за литар
- ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 93,50 денари за литар
- Екстра лесно масло (ЕЛ-1) – 98,50 денари за литар
- Мазут М-1 НС – 49,720 денари за килограм
Со новата одлука, бензините и екстра лесното масло поскапуваат за 2,50 денари по литар, додека дизелот поскапува за 2 денари по литар. Цената на мазутот се зголемува за 3,06 денари по килограм.
Од РКЕ потенцираат дека станува збор за максимални цени, а трговците можат да ги формираат и пониско.
Извор: РКЕ
