РКЕ ги зголеми цените на дизелот, екстра лесното масло и мазутот од 20 јуни 2025 година

Скопје. 19 јуни 2025 – Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати, во просек за 2,06% во однос на одлуката од 16 јуни 2025 година. Новите цени стапуваат на сила од 20 јуни 2025 година, од 00:01 часот.

Зголемувањето е резултат на порастот на референтните цени на светскиот пазар, каде бензините бележат раст од 3,305%, дизелот од 8,111%, екстра лесното масло од 7,554%, а мазутот од 5,146%. Курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,8039% во споредба со претходната пресметка.

Новите максимални малопродажни цени на нафтените деривати од 20 јуни 2025 година се:

Реклама

  • ЕУРОСУПЕР БС-95: 76,00 денари/литар (без промена)
  • ЕУРОСУПЕР БС-98: 78,00 денари/литар (без промена)
  • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 70,00 денари/литар
  • Екстра лесно масло (ЕЛ-1): 70,00 денари/литар
  • Мазут М-1 НС: 40,928 денари/килограм

Во однос на претходните цени:

  • Цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и екстра лесно масло (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,50 денари по литар.
  • Цената на мазут М-1 НС се зголемува за 1,149 денари по килограм.
  • Цените на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 остануваат непроменети.

РКЕ нагласува дека овие цени се максимални, а трговците на големо и мало можат да понудат пониски цени за одделни нафтени деривати и горива за транспорт.

Извор: РКЕ

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
Advertisement