РКЕ ги зголеми цените на повеќето нафтени деривати од 17 јуни 2025 година

Скопје. 16 јуни 2025 – Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати, во просек за 1,63% во однос на одлуката од 9 јуни 2025 година. Новите цени стапуваат на сила од 17 јуни 2025 година, од 00:01 часот.

Зголемувањето е резултат на порастот на референтните цени на светскиот пазар, каде бензините бележат раст од 4,088%, дизелот од 5,626%, екстра лесното масло од 5,127%, а мазутот од 5,691%.

Новите максимални малопродажни цени на нафтените деривати од 17 јуни 2025 година се:

Реклама

  • ЕУРОСУПЕР БС-95: 76,00 денари/литар
  • ЕУРОСУПЕР БС-98: 78,00 денари/литар
  • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 67,50 денари/литар
  • Екстра лесно масло (ЕЛ-1): 67,50 денари/литар
  • Мазут М-1 НС: 39,779 денари/килограм

Во однос на претходните цени:

  • Цените на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 1,50 денари по литар.
  • Цената на екстра лесно масло (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 денари по литар.
  • Цената на мазут М-1 НС се зголемува за 1,293 денари по килограм.

РКЕ нагласува дека овие цени се максимални, а трговците на големо и мало можат да понудат пониски цени за одделни нафтени деривати и горива за транспорт.

Извор: РКЕ

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
Advertisement