Скопје. 10 ноември 2025 – Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати, во просек за 0,29% во однос на одлуката од 3 ноември 2025 година. Новите цени стапуваат на сила од 11 ноември 2025 година, од 00:01 часот.
Промените се резултат на движењата на светскиот пазар, каде бензините бележат зголемување од 0,613%, дизелот од 2,881%, додека екстра лесното масло има намалување од 0,251%, а мазутот од 2,898%. Курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,7827% во споредба со претходната пресметка.
Новите максимални малопродажни цени од 11 ноември 2025 година се:
- ЕУРОСУПЕР БС-95: 74,50 денари/литар
- ЕУРОСУПЕР БС-98: 76,50 денари/литар
- ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 72,00 денари/литар
- Екстра лесно масло (ЕЛ-1): 69,50 денари/литар (без промена)
- Мазут М-1 НС: 36,427 денари/килограм
Во однос на претходните цени:
- ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат за 0,50 денари по литар.
- ЕУРОДИЗЕЛ поскапува за 1,00 денари по литар.
- Мазут М-1 НС поевтинува за 0,486 денари по килограм.
РКЕ нагласува дека овие се максимални цени, а трговците можат да продаваат и поевтино.
Извор: РКЕ
