РКЕ ги намали цените на нафтените деривати од 1 јули 2025 година

Скопје. 30 јуни 2025 – Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати, во просек за 2,30% во однос на одлуката од 27 јуни 2025 година. Новите цени стапуваат на сила од 1 јули 2025 година, од 00:01 часот.

Намалувањето е резултат на падот на референтните цени на светскиот пазар, каде бензините бележат намалување од 5,671%, дизелот од 2,639%, екстра лесното масло од 6,774%, а мазутот од 1,701%. Курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,3392% во споредба со претходната пресметка.

Реклама

Новите максимални малопродажни цени на нафтените деривати од 1 јули 2025 година се:

  • ЕУРОСУПЕР БС-95: 75,50 денари/литар
  • ЕУРОСУПЕР БС-98: 77,50 денари/литар
  • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 69,50 денари/литар
  • Екстра лесно масло (ЕЛ-1): 69,50 денари/литар
  • Мазут М-1 НС: 39,583 денари/килограм

Во однос на претходните цени:

  • Цените на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 денари по литар.
  • Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 денари по литар.
  • Цената на екстра лесно масло (ЕЛ-1) се намалува за 2,50 денари по литар.
  • Цената на мазут М-1 НС се намалува за 0,605 денари по килограм.

РКЕ нагласува дека овие цени се максимални, а трговците на големо и мало можат да понудат пониски цени за одделни нафтени деривати и горива за транспорт.

Извор: РКЕ

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
Advertisement