РКЕ ги намали цените на бензините и мазутот од 22 јули 2025 година

Скопје. 21 јули 2025 – Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати, во просек за 0,42% во однос на одлуката од 14 јули 2025 година. Новите цени стапуваат на сила од 22 јули 2025 година, од 00:01 часот.

Намалувањето е резултат на падот на референтните цени на светскиот пазар, каде бензините бележат намалување од 1,559%, дизелот од 0,837%, екстра лесното масло од 0,048%, а мазутот од 1,882%. Курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,650% во споредба со претходната пресметка.

Новите максимални малопродажни цени на нафтените деривати од 22 јули 2025 година се:

РЕКЛАМА

  • ЕУРОСУПЕР БС-95: 75,00 денари/литар
  • ЕУРОСУПЕР БС-98: 77,00 денари/литар
  • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 71,50 денари/литар (без промена)
  • Екстра лесно масло (ЕЛ-1): 71,00 денари/литар (без промена)
  • Мазут М-1 НС: 40,158 денари/килограм

Во однос на претходните цени:

  • Цените на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 денари по литар.
  • Цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и екстра лесно масло (ЕЛ-1) остануваат непроменети.
  • Цената на мазут М-1 НС се намалува за 0,314 денари по килограм.

РКЕ нагласува дека овие цени се максимални, а трговците на големо и мало можат да понудат пониски цени за одделни нафтени деривати и горива за транспорт.

Извор: РКЕ

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
WordPress Ads