Скопје.15 септември 2025 – Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати, во просек за 0,62% во однос на одлуката од 9 септември 2025 година. Новите цени стапуваат на сила од 16 септември 2025 година, од 00:01 часот.
Намалувањето е резултат на падот на референтните цени на светскиот пазар, каде бензините бележат намалување од 0,075%, дизелот од 0,414%, екстра лесното масло од 0,058%, а мазутот од 1,145%. Курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,3613% во споредба со претходната пресметка.Новите максимални малопродажни цени на нафтените деривати од 16 септември 2025 година се:
- ЕУРОСУПЕР БС-95: 75,50 денари/литар
- ЕУРОСУПЕР БС-98: 77,50 денари/литар
- ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 69,00 денари/литар
- Екстра лесно масло (ЕЛ-1): 69,00 денари/литар (без промена)
- Мазут М-1 НС: 36,740 денари/килограм
Во однос на претходните цени:
- Цените на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 денари по литар.
- Цената на екстра лесно масло (ЕЛ-1) останува непроменета.
- Цената на мазут М-1 НС се намалува за 0,408 денари по килограм.
РКЕ нагласува дека овие цени се максимални, а трговците на големо и мало можат да понудат пониски цени за одделни нафтени деривати и горива за транспорт.
Извор: РКЕ
