РКЕ: Бензините исти, дизелот поскап од 3 февруари

Скопје. 2 февруари 2026 – Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати, во просек за 0,77% во однос на одлуката од 26 јануари 2026 година.

Според РКЕ, референтните цени на светските пазари во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа: кај бензините за 2,433%, кај дизелот за 4,757%, кај екстра лесното масло за 3,829%, додека кај мазутот растот изнесува 5,973%. Курсот на денарот во однос на американскиот долар е понизок за 1,6498%.

Од 3 февруари 2026 година, од 00:01 часот, максималните малопродажни цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

РЕКЛАМА

  • ЕУРОСУПЕР БС-95 – 72,00 денари за литар
  • ЕУРОСУПЕР БС-98 – 74,00 денари за литар
  • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 68,00 денари за литар
  • Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 67,00 денари за литар
  • Мазут М-1 НС – 33,885 денари за килограм

Со одлуката, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и БС-98 остануваат непроменети, додека ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) и екстра лесното масло (ЕЛ-1) поскапуваат за 0,50 денари по литар. Мазутот М-1 НС поскапува за 0,786 денари по килограм.

Од РКЕ потсетуваат дека станува збор за максимални малопродажни цени, при што трговците на големо и на мало имаат можност да ги формираат цените и пониско од утврдените.

Извор: РКЕ

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил