Хрватска воведува нов систем за самостојно снабдување со обновлива енергија од 2026 година

Загреб. 27 април 2025 – Хрватскиот парламент во петокот расправаше за измените на Законот за обновливи извори на енергија и високоефикасна когенерација, со цел да се зголеми учеството на обновливите извори во енергетската потрошувачка од 36,6% на 42,5% до 2030 година. Овие измени го потврдуваат стратешкиот правец на Владата во енергетската транзиција, изјави министерот за економија Анте Шушњар, нарекувајќи го планот „амбициозен, но остварлив“.

Инаку, клучна новина во законт е воведувањето на нов систем за потрошувачка на сопствена обновлива енергија и самостојно снабдување, кој ќе почне да се применува од 1 јануари 2026 година. Ова следи по двегодишното одложување на примената на ЕУ регулативите, кои забрануваат субвенции за корисниците во самостојно снабдување преку неплатени мрежни такси при користење електрична енергија од мрежата.

Според предлог-законот, кој е во итна процедура, се укинува нето-мерењето за нови корисници, додека постоечките корисници ќе го задржат овој модел до 10 години од пуштањето во трајна работа. Наместо тоа, се воведува нето-пресметка, каде вредноста на предадената енергија се користи за намалување на сметката, но мрежната такса се пресметува врз основа на вкупно преземената енергија од мрежата, без намалување за предадената енергија.

Реклама

Државниот секретар во Министерството за економија, Ведран Шпехар истакна дека постоечкиот закон, кој е во сила од 2021 година со измени во 2023, ги имплементира одредбите од ЕУ директивата RED2 од 2018 година. Но, новите новите измени ќе овозможат производството на електрична енергија од обновливи извори на оддалечени локации да се смета за сопствена потрошувачка, доколку мерните места припаѓаат на истиот корисник.

Извор: Парламент на Хрватска

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
Advertisement