Повик од ЕУ: Милионски проекти за зелена и дигитална иднина на Западен Балкан

Тиват. 12 април 2025 – На Адрија Самитот одржан минатата недела во Тиват, Европската Комисија го објави долгоочекуваниот Повик за изразување интерес, кој отвора врати за приватни инвестиции во Западен Балкан. Оваа иницијатива, која е дел од Планот за раст на ЕУ, всушност ги поканува компаниите од Европската Унија, Европската економска област (ЕЕА) и Западниот Балкан да инвестираат и придонесат за економска трансформација на регионот преку иновативни проекти во клучни сектори.

Повикот се однесува на приватни компании, заеднички вложувања или конзорциуми кои сакаат да инвестираат во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора или Србија. Фокусот е на осум стратешки области: зелена транзиција за чиста енергија и циркуларна економија, интеграција во европските индустриски синџири, обезбедување критични суровини, одржлив транспорт и урбана мобилност, дигитална трансформација, одржлив туризам, развој на човечки капитал и финансирање со силно социјално и еколошко влијание. Проектите треба да имаат минимална инвестиција од 10 милиони евра, со сопствено учество од најмалку 15% од промоторот.

„Ова е можност да се изгради мост меѓу бизнисот и иднината на Западен Балкан. Сакаме да ги слушнеме вашите идеи и да ги надминеме пречките заедно“, изјави претставник на Европската комисија. Целта е создавање портфолио на проекти кои ќе ја зајакнат конкурентноста, ќе го забрзаат зелениот и дигиталниот напредок и ќе донесат социо-економски придобивки за регионот, во согласност со строгите еколошки и социјални стандарди на ЕУ.

Advertisement

За да учествуваат, компаниите мора да бидат регистрирани во ЕУ, ЕЕА или Западен Балкан, да поседуваат валиден ДДВ-број и да се усогласени со Регистарот за транспарентност на ЕУ. Предлозите ќе се оценуваат врз основа на нивната стратешка важност, иновативност, пазарно влијание и финансиска одржливост. Поднесувањето на проектоте е отворено до 21 мај 2025 година и тоа преку платформата EU Survey, а апликантите ќе добијат одговор во рок од 60 работни дена. Најперспективните проекти може да добијат поддршка за поврзување со финансиски институции, иако учеството не гарантира директно финансирање.

Повеќе информации на овој линк.

Енергетика 24

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
Advertisement