Полска во преговори со САД за увоз на повеќе ЛНГ за снабдување на Украина и Словачка

Варшава/Лондон. 5 ноември 2025 – Полска води преговори со Соединетите Американски Држави за зголемен увоз на течен природен гас (ЛНГ), со цел дел од испораките да бидат насочени кон Украина и Словачка. Според извори блиски до разговорите, договорот има за цел дополнително да ги зацврсти енергетските врски меѓу Европската унија и САД.

Очекувањата се страните да потпишат заедничка декларација за зголемување на увозот по одржувањето на трансатлантска енергетска конференција во Атина оваа недела. Потоа би следеле конкретни преговори за условите за снабдување на Словачка.

Планираните количини што би се транспортирале преку Полска изнесуваат од 4 до 5 милијарди кубни метри гас годишно, приближно колку што е целата годишна потрошувачка на Словачка.

РЕКЛАМА

Овој потег се смета за дел од пошироката иницијатива на Вашингтон за проширување на извозот на американски гас и нуклеарна технологија во Европа, откако Европската унија се обврза да ја прекине зависноста од руските енергенси.

„Ова може да биде пресвртница – Европа постепено се ослободува од руската енергија и се свртува кон американска,“ изјави американски официјален претставник.

ЕУ минатиот месец предложи нов пакет санкции со кој се предвидува целосна забрана за увоз на руски течен гас до 2027 година. Сепак, неколку земји членки, меѓу кои Словачка и Унгарија, сè уште купуваат руски енергенси, иако ја поддржуваат Украина.

Во септември, американскиот секретар за енергетика Крис Рајт испратил „јасна порака“ до европските министри за доверливоста на САД како енергетски партнер, додека италијанската компанија „Едисон“ истиот месец потпиша 15-годишен договор за набавка на американски ЛНГ.

Американските испораки моментално покриваат околу 55% од вкупниот увоз на ЛНГ во ЕУ, двојно повеќе отколку во 2021 година. Според пресметки на Ројтерс, доколку Европа целосно ги замени руските гасни извори со американски, уделот би се искачил над 80%.

Извор: Ројтерс

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба