Производството на нафта на ОПЕК во март годинава доживеа остар пад, достигнувајќи најниско ниво од јуни 2020 година, во екот на пандемијата со COVID-19, покажува истражување на Reuters.
Вкупното производство на 12-те членки се намалило за 7,3 милиони барели дневно на месечно ниво, спуштајќи се на 21,57 милиони барели дневно. Падот главно се должи на прекините во извозот предизвикани од воениот конфликт меѓу САД и Израел против Иран, кој доведе до практично затворање на клучниот поморски премин Ормуски теснец.
Најголем удар претрпе Ирак, каде производството падна на 1,6 милиони барели дневно, наспроти 4,15 милиони во февруари. Намалувања се забележани и во Кувајт, Саудиска Арабија и ОАЕ, иако последните две земји делумно го ублажиле ударот благодарение на алтернативни извозни рути надвор од Ормутскиот теснец.
И покрај претходниот договор на OPEC+, во кој учествува и Русија, за задржување на стабилно производство во првиот квартал и зголемување од април, новонастанатите геополитички тензии сериозно ги доведуваат во прашање тие планови. Осумте производители кои требаше да го зголемат производството ќе одржат состанок на 5 април.
Аналитичарите оценуваат дека продолжените нарушувања во транспортот и ограничениот пристап до Ормускиот теснец може дополнително да го намалт глобалното снабдување со нафта и да извршат притисок врз цените на енергентите во наредниот период.
Извор: Ројтерс
