Скопје. 7 октомври 2025 – Акциите на „Окта“ во септември забележаа највисок раст на Македонската берза. Нивната вредност порасна за 8,91 проценти, при што просечната цена се искачи од 4.500 на 4.901 денар.
Истовремено, компанијата „Оилко КДА“ продолжува со зголемување на својот удел во „Макпетрол“. Со најновата трансакција, при која беа купени 74 акции, „Оилко КДА“ сега поседува 28.455 обични акции, односно 25,32 проценти од вкупниот број издадени акции.
„Согласно член 38, точка 1 од Правилата за котација на Македонската берза АД Скопје, акционерот Оилко КДА – Скопје се стекна со 74 обични акции од издавачот Макпетрол АД Скопје и во моментов поседува 25,32 проценти од капиталот“, наведуваат од „Макпетрол“.
Ова е трето последователно зголемување на уделот на „Оилко КДА“ во краток временски период. Пред само една недела компанијата контролираше 25,25 проценти од акциите на „Макпетрол“. Вредноста на една акција се движи околу 117 илјади денари.
Енергетика 24