Њујорк. 15 јули 2025 – Цените на обновливите извори на енергија доживеаја драматичен пад во изминатите десет години, што ја зајакнува нивната улога како најисплатлива алтернатива на фосилните горива. Според податоците на Меѓународната агенција за обновлива енергија (IRENA), 81% од новоинсталираните капацитети за обновлива енергија во 2023 година биле поекономични од оние базирани на фосилни горива.
Најголем пад на цените бележи соларната фотоволтаична (PV) енергија, која денес е 75% поевтина отколку во 2014 година. Во исто време, цената на енергијата од ветер опаднала за над 60%, додека концентрираната соларна енергија (CSP) забележала пад од 54%.
Брз технолошки напредок и масовно производство
Овие трендови се објаснуваат преку т.н. „Рајтoв закон“ (Wright’s Law), кој вели дека цената на една технологија опаѓа со зголемено производство и усовршување. Соларните панели, на пример, стануваат не само поевтини, туку и поефикасни, што придонесува за двојно зголемување на инсталираниот капацитет на секои три години. За 2025 година се предвидува глобална инвестиција од 450 милијарди долари само за соларна енергија.
Истовремено, ветерната енергија ги намали трошоците благодарение на поголеми и поефикасни турбини, кои бараат помалку инсталации за исто ниво на енергија. И офшор и оншор ветерната енергија сега се меѓу најевтините извори на електрична енергија во светот.
Табела: Цена на енергија по киловат-час (kWh)
Извор на енергија | 2014 ($/kWh) | 2023 ($/kWh) | Намалување |
---|---|---|---|
Соларна фотоволтаика | 0.18 | 0.04 | -75% |
Оншор ветер | 0.09 | 0.03 | -62.3% |
Офшор ветер | 0.19 | 0.07 | -60% |
Концентрирана соларна | 0.26 | 0.12 | -54.2% |
Биоенергија | 0.09 | 0.07 | -19.4% |
Зелената транзиција станува економска реалност
Додека климатските цели и геополитичките фактори ја забрзуваат енергетската транзиција, економските предности на обновливите извори сега се најсилниот двигател. Големите технолошки компании инвестираат милијарди во зелени извори, при што се очекува 40% од новата енергија за дата-центри да доаѓа од обновливи извори.
Овие податоци јасно укажуваат дека иднината на енергијата е не само зелена – туку и значително поекономична.
Извор: TheVisualCapitalist