Обединетото Кралство и САД со нов нуклеарен договор за побрза изградба на електрани

Лондон. 15 септември 2025 – Обединетото Кралство и САД ќе потпишат Атлантско партнерство за напредна нуклеарна енергија, договор што ќе го намали времето за добивање дозволи за нуклеарни проекти од три-четири години на околу две. Спогодбата се очекува да биде официјализирана за време на претстојната државна посета на Доналд Трамп на Лондон.

Според договорот, безбедносните проверки спроведени во една од земјите ќе може да се користат и во другата, што ќе ја забрза изградбата на напредни реактори, меѓу кои и малите модуларни реактори на „Ролс-Ројс“.

Меѓу најавените проекти се изградбата на 12 модуларни реактори во Хартлпул, со кои ќе се обезбеди електрична енергија за 1,5 милиони домаќинства и ќе се отворат 2.500 работни места. На локацијата на поранешната термоелектрана Котам во Нотингемшир ќе се развиваат современи дата-центри, а во лондонското пристаниште „Гејтвеј“ ќе биде поставена микро-модуларна електрана со приватни инвестиции од 80 милиони фунти.

РЕКЛАМА

Премиерот Кир Стармер го оцени партнерството како „златно доба на нуклеарната енергија“, кое ќе донесе пониски сметки за домаќинствата и илјадници нови работни места.

Двете земји веќе имаат над 1,2 милијарди фунти меѓусебни инвестиции, а овој договор се смета за дополнително зацврстување на „нерскинливото пријателство“ меѓу нив.

Извор: Theguardian.com

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба