Нови цени на горивата во Македонија

Скопје. 3 ноември 2025 – Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати, во просек за 1,03% во однос на одлуката од 30 октомври 2025 година. Новите цени стапуваат на сила од 4 ноември 2025 година, од 00:01 часот.

Зголемувањето е резултат на порастот на референтните цени на светскиот пазар, каде бензините бележат зголемување од 2,849%, дизелот од 2,319%, мазутот од 3,433%, додека екстра лесното масло има минимално намалување од 0,05%. Курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,0034%.

Новите максимални малопродажни цени од 4 ноември 2025 година се:

РЕКЛАМА

  • ЕУРОСУПЕР БС-95: 74,00 денари/литар
  • ЕУРОСУПЕР БС-98: 76,00 денари/литар
  • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 71,00 денари/литар
  • Екстра лесно масло (ЕЛ-1): 69,50 денари/литар (без промена)
  • Мазут М-1 НС: 36,913 денари/килограм

Во однос на претходните цени:

  • ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат за 0,50 денари по литар.
  • ЕУРОДИЗЕЛ поскапува за 1,00 денари по литар.
  • Мазут М-1 НС поскапува за 0,856 денари по килограм.

РКЕ нагласува дека овие се максимални цени, а трговците можат да продаваат и поевтино.

Извор: РКЕ

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба