Скопје. 12 мај 2025 – Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука за промена на малопродажните цени на нафтените деривати, кои стапуваат на сила од 13 мај 2025 година, од 00:01 часот.
Според одлуката, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари по литар во однос на цените утврдени на 5 мај 2025 година. Новите цени се:
- ЕУРОСУПЕР БС-95: 73,50 денари/литар
- ЕУРОСУПЕР БС-98: 75,50 денари/литар
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 денари по литар, па новата цена изнесува 64,50 денари/литар. Цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува непроменета и изнесува 65,00 денари/литар.
Малопродажната цена на мазут М-1 НС се намалува за 0,592 денари по килограм, па новата цена изнесува 35,450 денари/килограм.
РКЕ потсетува дека овие цени се максимални, а трговците на големо и мало можат да понудат пониски цени за нафтените деривати и горивата за транспорт.
Извор: РКЕ