Скопје. 28 ноември 2025 – Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати, во просек за 1,26% во однос на одлуката од 24 ноември 2025 година.
Ова е најголемо поевтинување на дизелот во последните пет месеци и доаѓа по остриот пад на цените на светските берзи. Новите максимални малопродажни цени од денес се следните:
- ЕУРОСУПЕР БС-95: 75,00 денари/литар (без промена)
- ЕУРОСУПЕР БС-98: 77,00 денари/литар (без промена)
- ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 70,50 денари/литар (поевтинува за 2,50 денари)
- Екстра лесно масло (ЕЛ-1): 67,50 денари/литар (поевтинува за 2,00 денари)
- Мазут М-1 НС: 34,865 денари/килограм (без промена)
РКЕ нагласува дека станува збор за максимални цени и дека трговците на мало и големо можат слободно да продаваат по пониски цени.
Извор: РКЕ
