Компанијата се соочува со санкции поради сопственичката поврзаност со руската Гаспром њефт
Белград. 19 јули 2025 – Нафтната индустрија на Србија (НИС) соопшти дека поднела ново барање до Министерството за финансии на САД за издавање на посебна лиценца, со цел да се овозможи продолжување на работењето и по 29 јули 2025 година, кога истекува важноста на претходната лиценца издадена на 26 јуни.
Досега, НИС има добиенo четири вакви лиценци од Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC), со кои се одложуваше полната примена на санкциите против компанијата, воведени поради нејзината сопственичка поврзаност со руската компанија Гаспром њефт, која е под западни санкции поради инвазијата врз Украина.
Од НИС нагласуваат дека на 14 март поднеле и посебно барање за отстранување од SDN-листата (Specially Designated Nationals), но посочуваат дека станува збор за „комплексен процес“ кој бара време.
Во меѓувреме, Гаспром њефт пренесе околу 5% од својот удел во НИС на матичната компанија Гаспром. Со ова, уделот на Гаспром њефт падна под 50% и сега изнесува 44,85%. Сепак, руските компании и понатаму имаат мнозинско учество во српската нафтена индустрија.
НИСе единствената компанија во Србија што се занимава со истражување, експлоатација и преработка на нафта, како и со производство на природен гас.
Извор: N1