НИС бара ново одложување на американските санкции

Белград. 23 април 2025 – Телевизијата N1 пренесува дека Нафтната индустрија на Србија (НИС) поднела ново барање до Министерството за финансии на САД за издавање посебна лиценца со која би се одложила целосната примена на санкциите по 28 април, рокот утврден со лиценцата издадена на 28 март, со цел да се обезбеди непрекинато работење на компанијата.

Според N1, НИС на 14 март поднела барање за отстранување од SDN листата (Specially Designated Nationals), што може да биде долготраен процес. Компанијата беше ставена на листата на санкции на 10 јануари поради сопственичкиот удел на руската компанија „Гаспром њефт“, која е под западни санкции заради руската инвазија на Украина.

Реклама

Доколку биде уважено барањето, тоа ќе биде второ одложување на санкциите, по првото, кое истекува на 28 април. Барањето на НИС беше поддржано од владите на Србија и Унгарија, како и од хрватската компанија ЈАНАФ, оператор на нафтоводот.

Инаку, во март годинава, српскиот претседател Александар Вучиќ во Москва разговараше со рускиот претседател Владимир Путин за решавање на прашањето со НИС во контекст на санкциите, но без детали. Во април, „Ројтерс“ објави дека OMV и „Еко“ прекинале со набавката на гориво од НИС.

Извор: N1

Сподели:
Add a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
Advertisement