Маск предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе се соочи со енергетска криза

Мемфис / Њујорк, 21 мај 2025 — Технологијата за вештачка интелигенција би можела да се соочи со сериозни проблеми во снабдувањето со електрична енергија веќе до средината на следната година, предупреди Илон Маск во интервју за CNBC.

Основачот на стартапот xAI и сопственик на Тесла, објави дека неговата компанија започнува изградба на дата-центар со капацитет од еден гигават, колку просечна нуклеарна централа во САД, во близина на Мемфис, Тенеси. Објектот, според Маск, треба да биде завршен за шест до девет месеци.

„Откако ќе се реши проблемот со недостигот од трансформатори, ќе настане суштински недостиг од електрична енергија,“ рече Маск. „Мојата проценка е дека индустријата ќе почне да се судира со проблеми во енергетското производство можеби веќе од средината на следната година.“

Реклама

Маск посочи дека три фактори го ограничуваат растот на вештачката интелегенција: чипови, трансформатори и производство на струја. Трансформаторите се неопходни за да се намали напонот на електричната енергија произведена во централите, за да може таа да се користи во компјутерските системи.

Неговите ставови се поклопуваат со предупредувањата од Google, чии претставници во февруари годинава предупредија дека САД се соочува со капацитетска криза во електроенергетскиот систем. Google дури започнал да истражува можности за користење на нуклеарна енергија, откако забележал дека обновливите извори не се доволно стабилни поради временските услови.

„Многу брзо дојдовме до суровата реалност дека немаме доволно капацитет за напојување на дата-центрите – ни на краток, ни на долг рок,“ изјави Каролин Голин, глобална директорка за енергетски пазарен развој во Google.

Според Маск, Кина забрзано го зголемува производството на електрична енергија, додека растот во САД е речиси рамна линија. „Графиконот за енергетското производство на Кина изгледа како ракета која полетува, додека оној за САД е рамен,“ рече тој.

xAI користи гасни турбини за напојување на својот дата-центар „Colossus“ во Мемфис. Но, еколошките организации ја обвинија компанијата дека ги прекршува прописите од Законот за чист воздух, бидејќи не користи технологии за намалување на загадувањето и нема соодветни дозволи.

Извор: CNBC

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
Advertisement